ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ, ЉУБЕ БОШКОВСКИ И СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ВЛЕГУВААТ ВО КОАЛИЦИЈА СО ВМРО ДПМНЕ

0
936

Листите се во добар дел усогласени, единствено она што ни преостанува е два – три дена да ја затвориме коалицијата со нови коалициони партнери. И тоа што имам да го соопштам сега како би рекол одредена новост за Вашиот медиум е дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде проширена со во моментов 7 политички партии, кои што до вчера биле во коалиција со СДС, а сега преминуваат во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

„За два – три дена очекуваме одлука од уште една политичка партија. Значи би биле вкупно осум политички партии“, рече тој.

Милошоски додаде дека тоа е сигнал дека коалицијата на СДС веќе не е привлечна.„Тоа е сигнал дека коалицијата на СДС веќе не е привлечна. И сите овие помали политички партии кои што доаѓаат, доаѓаат со една заедничка би рекол реченица – разочараност од Владата затоа што сметаа дека државата ја водат во погрешна насока“, појасни Милошоски.

Тој посочи дека тие партии се Социјалдемократската унија, Обединетата партија за целосна еманципација на Ромите, Македонски концепт, Демократскиот сојуз, Обединети за Македонија, ТМРО, Достоинство. И се очекува одлуката на уште еден довчерашен коалиционен партнер на СДС.

„Во овој концепт кој што гледаме е дека прво постои интерес и нас ни годи тоа што постои интерес за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, сепак тоа дава сигнал дека овие партии препознаваат на каде се движи политичката тенденција во државата. А, второ заедничкиот именител со овие партии е дека да имало грешки од наша или од нивна страна во минатото, но дека сега е дојдено време за обединување. Обединување за интересот на Македонија“, порача Милошоски.Милошоски рече дека е време Македонија да биде една подобра држава во која што и демократијата и економијата, и владеењето на правото, и образованието, здравството ќе бидат на еден подобар и повисок стандард.„Затоа сметам дека ова е еден добар сигнал, тоа што политички партии од јатото на коалицијата на СДС го напуштаат бродот кој што тоне и преминуваат кај ВМРО-ДПМНЕ. Препознаваат тука коалиција што ќе победи на овие избори“, укажа тој.