Павле Тајанов се отргна од канџите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде независен пратеник?!

0
1034

Павле Трајанов, лидерот на Демократскиот сојуз, најверојатно ќе биде независен пратеник во Собранието. Плусинфо дознава дека Трајанов поднел такво барање до парламентарниот спикер, Трајко Вељаноски.

Лидерот на Демократскиот сојуз беше член на владеачката коалиција, но веќе подолго време настапува со лични политички ставови за највлијателните политички прашања. Беше прашање на денот кога Трајанов ќе ја напушти коалицијата со Никола Груевски.

Неофицијално се дознава дека неговиот пример би можело да го следи и Лилјана Поповска, претседателката на ДОМ.