ПАВЛЕСКИ: МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА ПРВ ПАТ ИМААТ МОЖНОСТ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВААТ ВО СВОИ ДОСТИГНУВАЊА ЗАЕДНО СО ФИРМИ ОД 176 ЗЕМЈИ ОД СВЕТОТ

0
225

За прв пат македонските компании имаат можност меѓу 176 земји во светот да се натпреваруваат со своите деловни достигнувања за награда која ќе им овозможи билет за директен влез во светските бизнис можности.

Наградите “Go Global” се во организација на Меѓународниот трговски совет (International Trade Council) кој постои од 1956 година.

За прв пат Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Invest North Macedonia е дел од доделувањето на признание на компаниите на меѓународно ниво, а директорот Дејан Павлески е еден од 14те судии кои ќе ја вршат селекцијата на пријавените светски компании.

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ги повикува домашните компании да учестуваат на овој престижен избор на најдобрите бизниси во светот. Пријавувањето е до 3 август 2021 година, а за сите заинтересирани Агенцијата нуди советодавна поддршка. Селектираните компании ќе бидат објавени на 14 септември 2021 година, а официјалниот избор кој поради пандемијата ќе се одржи виртуелно е со термин на 5 октомври 2021 година, изјави директорот на Агенцијата за  странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески.

Go Global наградите обезбедуваат глобално признание за успехот во работењето на компаниите. Програмата има за цел да изгради заедница на високи извршни директори од целиот свет да се поддржуваат едни со други, да споделуваат идеи, да создаваат партнерства и да ги надополнуваат нивните постоечки знаења и врски. Победниците добиваат пристап до уникатни меѓународни платформи преку обемната мрежа на членови на Меѓународниот трговски совет во 176 земји.

Аплицирањето за Go Global наградите е бесплатно, а на македонските компании како и сите останати им се нуди можност да ја прошират мрежата на ресурси, повеќе да се информираат за иновациите и можностите на пазарот и лично да се споредат со своите конкуренти.

Според претседателот на Меѓународниот трговски совет за Југоисточна Азија, Рањани Ранган, 2020 година беше година како никоја досега, сепак деловните субјекти од сите големини, од сите индустрии, ги дефинираа ограничувањата на нашиот нов свет. Овие организации ја покажаа својата еластичност, иновираа, прифатија брзи технолошки промени и ги поддржаа своите вработени и заедниците на начин што никогаш порано не се видел. Претприемништвото не може да се запре. Соработката секогаш ќе преовладува. Нови можности понекогаш може да се најдат и на најтемните места.

Апликациите ќе ги разгледуваат 14 судии кои ќе доделат 8 категории награди за лидерство. Поканети да учествуваат се компани кои (без оглед на нивната големина) ја водат економијата напред преку своите иновации, технологии и стратегии.

Наградите обединуваат стотици високи извршни директори од некои од најиновативните светски производители, извозници, технолошки фирми, меѓународни даватели на услуги, фирми со заеднички капитал и финансиски институции. Категориите за награди за овие години вклучуваат: сметководствени услуги, напредно производство, вештачка интелигенција, биотех, извршување на деловни процеси, CleanTech, градежништво, е-трговија, ЕдТех, електроника, енергија, промоција на извозот, мода, финансии, информатичка технологија, здравствена технологија, гостопримство, правни услуги, логистика, производство, маркетинг, истражување на пазарот, MedTech, рударство, пакување, фармација, професионални услуги, PropertyTech, малопродажба, роботика, испорака, управување со снабдувачки синџири, туризам, трговија, финансии, рударство и трговија на големо.

Во 2019 година на Go Global наградите се пријавиле 3952 компании од 161 земја, награди добиле 91 компанија од 18 земји.