Wednesday, May 14, 2025
8.7 C
Skopje

ПАВЛЕ АРСОСКИ ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ – ЗА НАША МАКЕДОНИЈА ВО КРУШЕВО И ДЕМИР ХИСАР

Потпреседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Павле Арсоски
имаше средба со граѓани, како и со членови и симпатизери на Движењето,

во Крушево, во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“.

На средбата беа присутни и  членовите на Извршниот одбор на партијата
Радослав Настасијевиќ Варџиски, Мирослав Лабудовиќ, Јасмина Петковска и
Виктор Јовановски, како и Никола Мемов, директор на центарот за

комуникации и аналитика на ЗНАМ.

Фокусот на дискусијата беше на поддршката за младите и развојот на
градот. Се разговараше за конкретни иницијативи за подобрување на
условите за младите во Крушево, вклучувајќи поддршка за младинско
претприемништво, подобрување на образовната и културната инфраструктура,

како и создавање на нови можности за вработување.

Претставниците на ЗНАМ истакнаа дека младите се клучен двигател на
промените и дека партијата ќе продолжи активно да ги вклучува во

креирањето на политиките кои ги засегаат.

Граѓаните на Крушево изразија поддршка за иницијативите на ЗНАМ,
нагласувајќи ја потребата од конкретни чекори за задржување на младите
во градот и спречување на иселувањето. Претставниците на партијата
ветија дека ќе продолжат со вакви средби низ целата земја, со цел
директно да ги слушнат потребите на граѓаните и да ги вклучат во

процесот на донесување одлуки.

Потпреседателот на ЗНАМ, Арсоски и претставниците на партијата,
остварија средба и со членовите и симпатизерите на ЗНАМ во Демир Хисар.
Ови средби се дел од пошироката стратегија  на Движењето ЗНАМ – За наша
Македонија за активно учество на граѓаните во политичкиот процес и
зајакнување на локалните заедници.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ