Се плаќале високи аванси на фирми за споредни услуги верувале или не една иста фирма фактурирала високи суми на фиктивни фактури за услуги како повравка на ѕидови, поправка на машини за перење, чистење на клима уреди, косење на трева, дезинфекција на подови, до едукација на медицински сестри (а ниту една медиџцинска сестра во болницата не е запозната со таа едукација) со еден збор “фирма за се“, додека тековните обврски на болницата не се подмирувале и за кои моментално се соочуваме со огромни наталожени долгови и притисок од извршни решенија.Следна забелешка што ја забележавме од еден прилепски бутик се фактурирале високи суми кои се подмирени од болницата за услуга одржување на облека.
Прес-конференција на Кире Јоноски, В.Д. директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Борка Талески.