ОЈО : ПАЛЧО Е ОДГОВОРЕН ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА, ПОТОА ПОБЕГНАЛ

0
878

Љупчо Палевски-Палчо бил сторителот на убиството на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска. Веројатно тој го убил и велешанецот Жежовски. Палевски избегал од Македонија, преку Белград, заминал во Бугарија и тука му се губи трагата. Со него заедно бил и неговиот адвокат, соопштија денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски.