ОЧНИОТ ХИРУРГ НАУМ ТРПЕНОСКИ БЕСПЛАТНО ОПЕРИРАШЕ ЖЕНА БЕГАЛЕЦ ОД УКРАИНА : ЖЕНАТА СИ ИМАШЕ МАКА И МНОГУ СЕ ИЗРАДУВА!

0
328

Очниот хирург Наум Трпеноски пред неколку дена извршил операција на две очи кај жена-бегалец од воената интервенција во Украина.

Тоа што е за поздравување, Трпеноски го направил овој зафат бесплатно, иако луѓето биле подготвени да си платат за медицинскиот третман.

„Жената дојде сама, заедно со преведувачка. Имаше сериозен проблем на двете очи,видот и беше само 10 отсто функционален. Не смееше да се чека повеќе затоа што ситуацијата ќе се искомплицираше“, објаснува Трпеноски за „Фокус“.

Тој со менаџментот на Промедика одлучиле да направат хуман гест и операцијата да и биде извршена бесплатно.

„Видовме дека луѓето имаат мака, изгледаа многу скромни и донесовме таква одлука. Жената многу се изненади и се израдува, а кога дојде на контрола очигледен беше напредокот од операцијата“, додаде тој.