Семејството Поповски по потекло од Охрид во оваа власт е распоредено на одговорни функции во владата на Груевски. Синот е министер за надворешни работи,актуелниот Никола Поповски. Мајкаму др. Анастасика Поповска е директоркa на Скопска клиника и е преtседател на владината комисија за одобрување на лекување во странство. Таткото, Живко Поповски е директор на јавното претпријатие МАК НАВ.
Анастасика Поповска беше актуелна во случајот со малата Тамара од Велес на која два пати и било отфрлено барањето за лекување во странство. Д-р Поповска при второто барање фондот да плати за лекување во странство била отсутна и гласала против по телефон, а ја заменувала нејзината колешка, д-р Аспасија Софијанова.
На Тамара на крај под притисок на јавноста сепак и беа одобрени средства, но за жал почина на денот кога требаше да замине на лекување. Помошта стаса предоцна.
Мајката на министерот Поповски е добитник и на државна парична награда за заслуги во професијата.
Во денешните опозициски бомби министерката Јанкуловска го открива и карактерот на таткото. Тој лут што синдикалниот лидер на воздухопловците дал изјава во медиумите во која го критикувал раководството, поточно него. му дал отказ од работното место.
Со ваквата одлука не се согласувала дури и Јанкуловска и за тоа му се пожалила на Мартин Протогер.
Еве го тој разговор на Јанкуловска и Протогер за таткото на министерот за надворешни работи.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=n5EZZ07ntsQ[/youtube]
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер
ГЈ: Го избркал претседателот на синдикат, шо не е добро за државата, знаеш, во секоја земја синдикатот протестира, дава остри изјави…
МП: Мхм
ГЈ: …Ама работа на работодавецот е да седне да преговара со него
МП: Мхм
ГЈ: А тој па претседателот на синдикат му е татко на еден ватерполист, ја знаеш со ватерполистиве…Ха ха…
МП: Мхм, мхм..
ГЈ: …Си го имам муабетот. И чоеков беше кај мене преку син му, вика молим те, вика ќе му се извинам, се шо треба, да не останам без работа. И јас преку Миле го замолив. И го избрка. Шо мислам не е добро, за државата не е добро да избркаш од работа претседател на синдикат. А причината зошто го избрка, зошо дал некоја изјава со која рекол демек раководството… ааа …нешо ги репресира вработените, ко и секој претседател на синдикат шо вика.
МП: Да да…
ГЈ: А иначе, да му завршеше работа имаше простор све законски, ја не сум будала да му барам нешо незаконски, можеше вика, нека ме суспендира, нека ме казни парично, и се тоа вика човеков нема проблем, све шо треба… И да го казнеше така ќе си го имавме на наша страна. Тие шо.. контрола на летање, шо ни протестираа, утре задутре ќе имавме контрола над нив.
МП: Мхм мхм
ГЈ: Знаеш тогаш коа ни напраија проблем у Брисел ваму-таму…