По долгите преговори во резиденцијата на ЕУ во Пржино конечно е постигнат договор помеѓу политичките партии во Македонија на СДСМ,ВМРО-ДПМНЕ,ДУИ и ДПА.
Според европратеникот Ричард Ховит постигнат е договор за враќање на опозицијата во парламентот а според фејсбук статусот на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов постигнат е и договор за оставка на Груевски, но не се знае колку месеци пред избори тоа ќе се случи премиерот да си даде оставка.