ОФИЦИЈАЛНО : МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО ПРОМОВИРА ОТКАКО ГО ДОВЕДЕ ВО СВОИТЕ РЕДОВИ ДОНИ ВАН ДЕ БЕК ОД АЈАКС

0
58

Дони ван Де Бек е нов играч на Манчестер Јунајтед. Холанѓанецот доаѓа како огромно засилување во средниот ред на оваа екипа за следната сезона. И дефинитивно Јунајтед покажува дека не се шегува. Со него и Бруно Фернандеш претходно, можеби ќе ја нападне и титулата во Англија.

„Време беше за следен чекор во кариерата. Во Манчестер стандардите се поставени на највисоко ниво. Сите ми зборуваа за атмосферата на Олд Трафорд, и со нетрпение чекам да ја почувствувам“, рече Ван Де Беек.