Колумбискиот репрезентативец, Џексон Мартинез (28) го напушти Порто и за сума од 35 милиони евра се пресели во Атлетико Мадрид, каде ќе го замени Марио Манџукиќ кој замина во Јувентус.
Мартинез, во изминатите три сезони беше најдобар стрелец во португалското првенство, а за Порто за три сезони одигра 92 натпревари.
Напаѓачот кариерата ја започна во Индепендиенте од Меделин, а играше и во Мексико во тимот на Чиапас.
Покрај Атлетико интерес за Мартинез покажуваа Арсенал и Милан, но тој сепак се реши да го облече дресот на „јорганџиите“. Трансферот на Мартинез е втор најскап во историјата на Атлетико, рекордот го држи уште еден Колумбиец, Радамел Фалкао.