Friday, December 13, 2024
-0.2 C
Skopje

ОТЧЕТ НА КОСТОВСКИ : 3 ГОДИНИ МОДЕРНА ОПШТИНА БУТЕЛ

Почитувани граѓани на општина Бутел Позади нас се 3 успешни години, години кои го променија изгледот на општина Бутел. 3 години исполнети со многу труд, работа и посветеност за подобар живот на сите граѓани на општина Бутел. Во општина Бутел живеам целиот свој живот. Оваа општина е мојот дом. Тука растев, тука го создадов моето семејство, тука почнав и тука сакам да продолжам да ја градам иднината за моето семејство и за моите сограѓани.

Почитувани граѓани дозволете во оваа прилика да ја изразам мојата голема благодарност кон сите вас, кон сите граѓани на општина Бутел без оглед на нивната национална и верска припадност. Ви благодарам на сите што изминативе 3 години бевте моја најголема поддршка и мотив заедно да ја градиме општина Бутел.

Овие три години се години на ренесансен период, години во кои се реализираа рекорден број на капитални проекти и години на најголем развој на општина Бутел. Инвестиравме во сите населени места  подеднакво. Во период од 3 години започнавме со реализација на најважните капитални проекти. Започнавме со изградба на речното корито на река Серава во должина од 1800 метри, проект кој што беше 30 години ветуван на граѓаните. Наскоро започнува и изградба на нова трим патека и уредување на просторот околу реката Серава.

Исполнивме уште едно предизборно ветување. Изградено е и новото општинско училиште во Визбегово коешто го носи името Визбегово, на површина од 12.000 м2 за настава за над 500 ученици.  Во овие 3 години е изградена и новата детска градинка во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски“ на површина од 950 м2 инвестиција вредна 35 милиони денари која ќе овозможи згрижување на над 120 деца. Покрај оваа детска градинка, по 60 години започна изградба на нова детска градинка во населеното место Бутел 2. Новиот објект ќе биде изграден за 18 месеци, ќе се протега на површина од 1800 м2 и ќе овозможи згрижување на 200 деца.

Инвестицијата на овој проект е во износ од над 100 милиони денари. Општина Бутел е најспортска општина во Република Македонија. Во овој период од 3 години, се изградија 3 големи спортско-рекреативни центри, спортско-рекреативен центар Македонија, спортско-рекреативен центар Го сакам Бутел и спортско-рекреативниот центар Бранители. Овие спортско-рекреативни центри содржат нови фудбалски игралишта со вештачка трева, игралишта за кошарка со специјална подлога, детски игралишта со мека подлога и модерни реквизити за најмладите, нови фитнес зони, нови паркови, нови зелени површини со урбана опрема и ново лед осветлување.

Изградивме нови игралишта за кошарка во дворот на ООУ Ацо Шопов и ООУ Св. Климент Охридски. Исто така изградивме нови фудбалски игралишта со вештачка трева во Љубанци, Расадник, Бутел 2, Визбегово. Инвестиравме во голем број на детски игралишта за нашите најмали. Ги исполнивме предизборните ветувања и изградивме детски игралишта во ООУ Св. Климент Охридски, Бутел 1, во градинката 11 октомври во клоновите Страшо Пинџур и Ташко Караџа, две нови во Љубанци, Скопје Север, во ООУ Петар Здравковски Пенко. Ново детско игралиште на улица 8, околу социјалните згради во Бутел 2 и во уште неколку други позиции.

Општинските основни училишта Гоце Делчев и Св. Климент Охридски добија нови фитнес зони на површина од по 100 м2. Општина Бутел е цврст партнер на сите спортисти и спортски клубови во општината. Нашата општина е првата општина во Република Македонија која започна со доделување на спортски стипендии на најуспешните спортисти. Согласно постигнатите спортски успеси се доделија стипендии на најуспешните спортисти во 4 категории.

Општина Бутел е силен поддржувач и на нашите општински спортски клубови кои ги помагаме во период од 3 години со над 10 милиони денари директна финансиска поддршка. Почитувани граѓани, во изминативе 3 години во општина Бутел се реконструираа најголемите и најважните сообраќајници како никогаш досега. Целосно се реконструираа улиците Скоевска во населба Радишани, Мостарска и Пребондова во Бутел 1 како и Хо Ши Мин и Натанаил Кучевишки. Се реконструираа и главните улици Радишанска, Бутелска и Александар Урдаревски.

Во сите населени места се реализираа барањата на граѓаните и се реконструираа над 100 улици на цела територија на општина Бутел. Инвестираме во сите населени места за еднаков и рамномерен развој на општина Бутел. Образованието и нашите ученици остануваат на врвот на моите приоритети. Вложувањето во образованието е наш влог во нашата иднина. По 56 години ја реконструиравме фасадата на ООУ Панајот Гиновски во Бутел 2. Инвестиравме во дигитализација на основните училишта, сите училишта добија кабинети по информатика комплетно опремени училници со смарт табли.

На мое големо задоволство ја започнавме и надградбата на ООУ Ацо Шопов. Проект кој граѓаните го чекаа 40 години. 3 години го спроведуваме проектот ранче и училишен прибор за секое прваче  од оваа година за првпат сите ученици од општинските основни училишта добија училишни униформи бесплатно. Општина Бутел е општина која го вреднува трудот и талентот на учениците. За таа цел 3 години обезбедуваме стипендии за најуспешните ученици во вредност од 12.000 и 6.000 денари. Локалната самоуправа континуирано вложува во подобрување на стандардите за следење на нашата настава. Затоа за потребите на општинските училишта целосно е обезбеден  нов училишен мебел.

Општина Бутел е зелена општина 32% од територијата е зелена површина. Изградивме нови паркови и нови урбани места за рекреација на сите граѓани. Обезбедивме финансиска помош во износ од над 6 милиони денари за ранливи категории граѓани и финансика поддршка за најранливата категорија на пензионери од општина Бутел. Општина Бутел има историско највисоко ниво на транспарентност и е предводник во градот Скопје. Отвореноста и транспарентноста кон граѓаните се мои најважни принципи на работење.

И ова се само дел од големиот број на проекти коишто се реализирани во интерес на граѓаните. Почитувани граѓани позадина нас се исклучително значајни 3 години кои донесоа голем број на проекти и се решија децениски проблеми. Со особена гордост би сакал да најавам следната година дека ќе отпочнат со реализација најголемите и најзначајните проекти кои граѓаните ги очекуваат со децении.

Општина Бутел ќе добие нова модерна поликлиника! Проект кој е најважен за граѓаните на општина Бутел. Љубанци и Љуботен ќе имаат чиста вода за пиење од новата водоводна мрежа. Населба Радишани ќе добие нов мега парк. Продолжуваме со изградба на спортско-рекреативни центри во сите населени места. Во општина Бутел за прв пат ќе биде изграден базен во дворот на ООУ Ацо Шопов. Ќе продолжиме со реконструкција на клучните сообраќајници и улици во сите населени места. Почитувани граѓани Општина Бутел се развива. Општина Бутел се менува во модерна и просперитетна општина за сите граѓани. Во периодот што претстои ни следи многу работа, реализирање на барањата на граѓаните и исполнување на дадениот збор.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ : НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА ЌЕ ОПФАЌА ПОВЕЌЕ ОД 800 ПРОИЗВОДИ

Акцијата за новогодишната кошничка започнува од 15-ти декември, а...

ЛЕКАР И АДВОКАТИ „ШТЕЛУВАЛЕ“ МЕДИЦИНСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА ДА НАПЛАТАТ ОСИГУРУВАЊЕ

Лекар од тетовската болница и двајца адвокати ќе одговараат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ