ОТФРЛЕНА ПРВАТА ПРИЈАВАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ РИСТЕСКИ ПРОТИВ АДВОКАТОТ ЖАРКО СТЕВАНОСКИ?

0
1070

Пред извесно време, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, поднесе кривични пријави против aдвокатот Жарко Стеваноски во број колку што Адвокатот Стеваноски имаше поднесено кривични пријави против Градоначалникот Ристески.

Жарко Стеваноски – адвокат

Постапката пред ОЈО Прилеп по повод поднесената пријава на Адвокатот Стеваноски против Градоначалникот за овој предмет е во фаза на истрага и се превземаат завршните дејствија на ОЈО Прилеп заради утврдување на висината на штетата предизвикана од рушење на предметната фонтана, што упатува на заклучок дека оваа пријава е основана.

Врз основа на основаноста на наводите и доказниот материјал приложен кон кривичната пријава против Градоначалникот Ристески која се однесува на кривични дела сторени од страна на Градоначалникот како одговорно лице во ЕЛС Општина Прилеп и други одговорни лица, во постапката за подигање и рушење на фонтаната на плоштадот Методија Андонов Ченто, ОЈО Прилеп со решение ја отфрли кривичната пријава на Градоначалникот против мене за кривичното дело Лажно пријавување на кривично дело или сторител и следствено на тоа согласно Законот за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и навреда, до Градоначалникот доставив барање за јавно извинување заради изречената навреда со поднесување на таквата пријава против мене.

Стеваноски, сега бара од градоначалникот писмено извинување од градоначалникот, за штета нанесена на неговиот углед со поднесувањето на контра-пријавите до ОЈО-Прилеп.

Жарко Стеваноски – извадок од барањето за извинување

Ако до денес сте имале било каква дилема околу мотивите и причините поради кои јас сум поднел кривична пријава против Вас, и други кривични пријави поврзани со работењето на Локалната самоуправа , денес Ве уверувам дека единствениот мој мотив и причина поради која тоа го правам е фактот што вршењето на Вашата јавна функција засега во јавниот интерес на граѓаните и жителите на општина Прилеп, а јас како жител на оваа општина имам право да се интересирам за начинот на функционирање на Локалната самоуправа и да барам одговори и одговорност за прашањата, кои меѓу другото ме засегаат и мене, особено околу располагањето со имотот и средствата на Општината.

Ве повикувам писмено да ми се извините за клеветата која ја нанесовтесо тоа што против мене до ОЈО-Прилеп, неосновано поднесовте кривична пријава за сторено дело „Лажно пријавување“, како би ја ублажиле штетата која ја ннесовте со нарушување на мојата чест и углед. Доколку во законски предвидениот рок ја искористите можноста за ублажување на штетата која ми ја имате нанесено на погоренаведениот начин, Ве известувам дека нема да иницирам постапка со тужба за надомест на штета за изречена клевета и навреда, од причини што таквата Ваша постапка за мене би претставувала доволна морална сатисфакција, како компензација за нанесената штета по мојата чест и углед.

ОЈО-Прилеп, сеуште води истрага по повод сите други поднесени кривични пријави од страна на адвокатот Жарко Стеваноски против градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

Извор : 10без10