Thursday, January 16, 2025
1.8 C
Skopje

ОТСТРАНЕТИ 70 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ТЕКОТ НА МИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕ

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална
хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад
од диви депонии во скопските општини Чаир и Центар.

Повторно е интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица)
каде што во текот на подолг временски период е забележано континуирано
непрописно одлагање отпад на јавни и на сообраќајни површини. За време
на вчерашните активности на ЈП Комунална хигиена-Скопје, на оваа
локација се подигнати 40 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад,
одложени на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на
детското игралиште.

Во општината Чаир се започнати и активности за отстранување обемна дива
депонија на улицата Вуковарска, каде што расчистувањето ќе продолжи и во
текот на денешниот ден.

Воедно, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и 20 кубни метри
мешан комунален отпад одложен на тревна површина во непосредна близина
на Младинскиот културен центар.

ОВАА НЕДЕЛА

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

ТРИПУНОВСКИ ОД БЕРЛИН : РАБОТИМЕ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИСОКОКВАЛИТЕТНО ФЛАШИРАНО ВИНО

Вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски...

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ГАШИ СО АМБАСАДОРОТ НА АЗЕРБЕЈЏАН, КАМИЛ КАСИЈЕВ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, имаше средба со нерезидентниот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ