Monday, January 20, 2025
0.8 C
Skopje

ОТСТРАНЕТИ 40 КУБНИ МЕТРИ НЕПРОПИСНО ОДЛОЖЕН ОТПАД ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ГАЗИ БАБА, ЧАИР И ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје
реализираа активности за отстранување 40 кубни метри отпад од диви
депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров.
Расчистена е обемна дива депонија на улицата Чаирска во населбата Гази
Баба, во непосредна близина на ООУ „Тефејуз“, каде што се подигнати и
транспортирани приближно 15 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад.ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно интервенираше и на булеварот Никола
Карев (Пластичарска улица), каде што од јавни површини се отстранети 10
кубни метри мешан комунален, кабаст отпад и неколку автомобилски гуми.
На улицата Васил Чакаларов во непосредна близина на Порта Влае беа
подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри непрописно одложен
градежен и кабаст отпад, санитарии и отпад од картонски пакувања
одложени на тревни и сообраќајни површини.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДНАТ ЛЕКАР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Тетовец нападнал лекар од Клиничката болница Тетово, стои во...

СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ДЕЛЧЕВСКО, ЗАГИНА 37-ГОДИШНИК

Пожар утрово изби во селото Чифлик, Делчевско, а притоа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ