ОТПУШТЕНИ РАБОТНИЦИ ОД „УЛИЦИ И ПАТИШТА“ ЗАШТО БОЈКОТИРАЛЕ ЗАРАДИ ПРАЗНИТЕ СМЕТКИ

0
338

Наместо плата, добиле отказ. Тројца работници во јавното претпријатие „Улици и патишта“ останале буквално на улица, бидејќи преку штрајк алармирале за нивните празни сметки. Само два часа по бојкотот, добиле отказ.

Управниот одбор го поништил решението на директорот, и наложил нивно враќање на работа, но вратата на Јавното претпијатие сѐ`уште е затворена за нив. Конфедерацијата на слободни синдикати обвини за незаконски отпуштања и се закани со протести и блокади, доколку работниците не бидат вратени на работа.