ОТКРИЕН Е НОВ ВИД НА ДИНОСАУРУС

0
489

Диносаурусот припаѓа на група тревојади диносауруси познати како анкилосауруси, а неговите останки се пронајдени во формацијата Весекс на Островот – фосилно место кое датира некаде помеѓу 145 и 66 милиони години.

Новиот вид го носи името Vectipelta barretti – по професорот Пол Барет, кој работел 20 години во Природонаучниот музеј во Лондон. Тоа е вториот оклопен диносаурус пронајден на островот, првиот е Polacanthus foxii – ископан во 1865 година.

Стјуарт Понд, истражувач во Одделот за науки за Земјата при Природонаучниот музеј, рече: „Речиси 142 години, сите останки од анкилосаурусите од Островот Вајт му се припишуваа на Polacanthus foxii, познатиот диносаурус на островот, и сега сè треба да се испита одново по откривањето на новиот вид“.

Иако и двата анкилосауруси потекнуваат од ист остров, истражувачите откриле дека тие не се блиски поврзани. Всушност, рекоа тие, V barretti е главно тесно поврзан со некои кинески анкилосауруси, што сугерира дека овие диносауруси слободно се движеле од Азија во Европа за време на периодот на рана креда (пред 145 до 66 милиони години).