ОТКАКО ТРАМП ИМ ПРЕНЕСЕ НА АМЕРИКАНЦИТЕ ДА КОРИСТАТ СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ТИЕ ЗАПОЧНАА МАСОВНО ДА ГОЛТААТ ДЕТЕРГЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА!

0
1188

Директорката на Заводот за јавно здравје на Илионис – Нгоки Езике, на вчерашната прес-конференција соопшти дека е забележан значителен раст во бројот на случаи со тpyење во последните два дена, пренесува CNN.

Ова „коинцидира“ со предлогот на Трамп, изнесен пред целата американска јавност, дека Ковид-19 кај болните би можел да се третира со „силна светлина“, ама и со средство за дезинфекција кое би се вбризгало во белите дробови.

Како што соопшти Езике, пријавите за трyење најчесто доаѓаат од луѓе кои се обидувале да направат испирање синусите со детергенти, додека едно лице правело гаргара со мешавина од средство за дезинфекција и средство за испирање на уста, а со цел да го yбијат вирусот.

„Вбризгувањето, голтањето и шмpкањето средства за чистење е опасно. Не го препорачуваме, може да биде cмpтоносно“, порача Езике.