Руската армија ќе се зголеми за 10 отсто. Ваква одлука донесе претседателот Владимир Путин.
Тој потпиша указ за додавање на повеќе од 137.000 службени лица во вооружените сили на Русија. Сега земјата има нешто повеќе од еден милион воен персонал и скоро 900.000 цивилен персонал. Ширум Русија властите регрутираат војници, а се нуди и парична стимулација.
Западните власти велат дека 70.000-80.000 војници се убиени или ранети откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.