ОТКАКО ПРОПАДНА ПЛАНОТ ЗА СПАС ПРЕКУ БОКИ И ГЕРО, МАФИЈАТА ТЕШКО СЕ РАЗБОЛЕ: Мијалков не дојде на распит за „Трезор“ – имал проблеми со желудникот и повраќал

0
823

Oбвинетиот во „Трезор“ Сашо Мијалков за незаконска набавка на британската прислушна опрема за УБК, не дојде на денешниот распит, поради проблем со желудникот.

Според извештајот од болницата „Систина“ што го прочита во Основниот суд Скопје 1 судијката Џенета Бегтовиќ, поранешниот директор на УБК повраќал, имал покачена телесна температура, болки и подригнување, за што од 25 септември 2019 година му е препорачано домашно лекување и терапија.

Големата сума пари од МВР, односно од државниот Буџет, легнала на сметката на фирмата „Финзи”, чиј сопственик Коста Крпач беше најден застрелан дома во април 2016, за време на предистражната постапка за незаконски присвоените 820.000 евра преку неговата фирма.

Крпач, кога беше најден мртвот, бил сведок на Специјалното обвинителство. Претходно, него го помилува претседателот Иванов.

Извор: СДК