ОТКАКО ПОРАДИ ЛЕКУВЊЕ БЕШЕ ПУШТЕН ДОМА, ИСМЕТ ГУРИ ГО СНЕМА ОД КУЌЕН ПРИТВОР – СЕ БАРА СО ПОТЕРНИЦА

0
587

Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи кој е осомничен за голема даночна измама, полицијата не го нашла дома, иако му е одреден куќен притвор, потврдија за Фокус извори од Обвинителството и од Кривичниот суд.

Според информациите од Обвинителството, попладнево полицијци кои вршеле контрола на адресата на која ја пријавил Гури како место на живеење, не го нашле таму.

По добиено известување дека Гури не е најден, Кривичниот суд распиша централна потерница по него.

Колку време Гури не бил дома, од надлежните нема информации.

Во јули тој беше осомничен и уапсен во акцијата на  МВР и Обвинителството, со која 15 лица се сомничат за даночно затајување и злосторничко здружување.

Прво беше во затворски притвор, а потоа му беше одреден куќен притвор поради здравствени проблеми.

Гури е од Чаир и првостепено е осуден за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година.

Кога беше уапсен веќе беше разрешен од директорската функција во УЈП и беше близок со групата која се оддели од ДУИ, а потоа и формираше партија на чело со Изет Меџити.

Извор : Фокус.МК