Трофејниот португалски стратег, Жозе Мурињо, наскоро би можел да ја заврши етапата во турскиот Фенербахче и да се врати во неговото омилено натпреварување – англиската Премиер лига.
Медиумите на Островот пишуваат дека Португалецот добил примамлива понуда за преземање на Евертон, кој не блеска со своите игри сезонава. Во моментов „карамелите“ се предводени од Шон Дајч, но се претпоставува дека тој наскоро би можел да добие отказ ако резултатите не се подобрат.
Мурињо веќе стапил во контакт со новата управа на премиерлигашот, па се очекува да дознаеме повеќе детали во следните денови.
Славниот тренер неколку пати изјави дека не е презадоволен од работата во Истанбул, па многу лесно би можел наскоро повторно да се врати во Англија, каде претходно успеа да освои многу трофеи како предводник на Челзи и Манчестер Јунајтед.