ОТИДЕ ,,ПУЧ” НА ГРУЕВСКИ ПО ВОДА : Верушевски обвинет само за незаконско поседување оружје

0
943

Адвокатот на Верушевски, Ангеле Илиевски, тврди дека неговиот клиент засега не е испрашуван за кривичното дело со кое го поврзуваат со лидерот на СДСМ, Зоран Заев

verushevski

Поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски, кој е еден од осомничените во акцијата „Пуч“, на вчерашниот распит во Јавното обвинителство, бил испрашуван исклучително само за двата пиштоли кои беа пронајдени во неговиот дом, а не добил ниту едно прашање поврзано со кривичното дело шпионажа, тврди неговиот адвокат Ангеле Илиевски.

Откако завршил распиотот, Верушевски повторно бил вратен во притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Адвокатот Илиевски претходно пред јавноста образложи дека Верушевски има оправдување за двата пиштоли, а за кои полицијата го товари за недозволено поседување на оружје.
Едниот го добил во 1983-та додека вршел службена должност и е регистриран во евиденцијата на МВР и за него не треба дозвола. И вториот, вели Илиевски, е регистриран, а Верушевски го добил како награда во 1997-та од тогашниот министер за внатрешни работи Томислав Чокревски.