Отец Пимен: Дајте ние живите да им помогнеме на живите!

0
383

Во пресрет на Задушница, Отец Пимен вчера на својот фејсбук профил им порача на граѓаните да бидат разумни, со порака живите да им помагаат на живите.

-…Друг, пак од учениците Негови Му рече: “Господи, дозволи ми најнапред да отидам да го погребам татко ми.”

Но Исус му рече: “Врви по мене и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци!”
(Матеј. 8,21-22)

Па дајте ние живите да им помогнеме на живите. Нѐ не спасува нит инаетот, нит мерењето чив бог е поголем. Не е проблемот во мерките, туку во нивното кршење.
Вечен спомен на починатите и разум на живите, порача отец Пимен.