ШИЛЕГОВ : ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИТЕЛИ „ЗАЛИВОТ НА ПИНГВИНИТЕ“ ВО ЗОО ВО СКОПЈЕ

0
624

Со пуштањето во употреба на пингвинариумот на едно место ги имаме двата најегзотични и најпопуларни видови на птици – фламинга и пингвини кои за првпат се жители на нашата Зоолошка градина. Пингвинариумот е составен од внатрешен дел со затворен базен, надворешен базен од 180м2, подземен дел со филтри и пуми за вода, како и тераса од 120м2.

Направен е и мал зелен кров за да се заштеди на електрична енергија. Граден е по светски стандарди и со идеални услови за овие јужноамерикански пингвини кои најлесно се адаптираат на нашата клима. #ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна #skopje #скопје #зооскопје

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.