Wednesday, June 18, 2025
32.8 C
Skopje

ОТВОРЕНИ ВРАТИ ЗА СИТЕ КОРИСНИЦИ – НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ГИ ПРИМИ ЗДРУЖЕНЕТО НА ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ И ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ

Во рамки на нашата иницијатива „Отворена Агенција“, која има за цел да ги отвори вратите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност кон нови и реални корисници на европските програми, имавме чест да ги пречекаме претставниците на Здружението на просветни работници на Град Скопје и здружението Хуманитарни акции.мк.
На средбата двете организации ја презентираа својата богата и посветена работа, како и својата визија за соработка со Агенцијата. Здружението на просветни работници, основано во 2001 година, претставува респектабилна професионална заедница која ги обединува најдобрите наставници, воспитувачи, педагози, психолози и дефектолози од сите нивоа на образование – од градинки до средни училишта и специјализирани центри.
Тие се автори, обучувачи, ментори и добитници на највисоки признанија во образованието, и достојни амбасадори на македонската просветна мисла.
Истовремено, здружението Хуманитарни акции.мк, веќе 15 години активно учествува во проекти поддржани од програмата Еразмус+, организира работилници и обезбедува бесплатни курсеви по англиски јазик.
Познати се и по проектот „Матурантски донации“, како и по учеството во бројни меѓународни хуманитарни и кризни акции, каде Република Македонија ја претставуваат со чест, хуманост и професионалност.
Горди сме што нашата Агенција станува платформа за вакви вредни иницијативи и вистински сојузник на оние кои ја движат нашата држава напред со знаење, солидарност и европски дух.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАГЕДИЈА: ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА НА ГРЧКА ПЛАЖА

Пребарај.. МАКФАКС РЕГИОН Трагедија во Грција: Србинка пронајдена мртва на плажа во...

ВОЛСТРИТ ЖУРНАЛ: НА ИЗРАЕЛ МУ СНЕМУВА ОДБРАНБЕНИ ПРЕСРЕТНУВАЧИ НА РАКЕТИ

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се...

ОСУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ

Вкупно 28 лица побарале евакуација по воените дејствија. Втората...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ