Saturday, July 12, 2025
19.8 C
Skopje

ОСУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ

Вкупно 28 лица побарале евакуација по воените дејствија. Втората група се очекува да го напушти Израел веднаш по воспоставување редовен авионски сообраќај од Тел Авив.

Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, во вторникот во вечерните часови (17.06) безбедно пристигна на скопскиот аеродром.

Станува збор за осум лица, четири деца и четворица возрасни, кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде со авион во сопственост на Владата беа транспортирани до Скопје.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Мучунски,преку социјалните мрежи информираше за успешно завршениот процес на евакуација, нагласувајќи дека со оваа операција земјата се вбројува меѓу првите во Европа кои организираа и реализираа безбедно враќање на свои државјани од зоната на конфликт на Блискиот Исток.

ОВАА НЕДЕЛА

НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ПРИЛЕП

Хеликоптери на МВР го прелетуваат Прилеп. Според неофицијалните информации лице...

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ