ОСУДЕНИК ИЗБЕГАЛ ОД ШУТКА, МВР СЕГА ГО БАРА СО РАСПИШАНА ПОТЕРНИЦА

0
590

Затвореник кој издржувал казна затвор во Истражниот затвор во Шутка избегал од затворот. Поточно Нафи Абдиовски осуден на осум месеци затвор за измама бил во полуотворено одделение и не се вратил во затворот каде издржал три месеци од затворската казна.

Според третманот што го имаат затворениците во полуотвореното одделение, Абдиовски имал право да излегува од кругот на затворот, но на 14 јануари излегол и не се вратил.Овие информации за „Фокус“ ги потврдуваат од затворот и велат дека не е невообичаено затвореници со ваков третман да не се вратат, но за тоа веднаш била известена полицијата.Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека се известени и дека по затореникот е распишана потерница.

-Лицето издржувало затворска казна во траење од 8 месеци во Затвор Скопје за сторено кривично дело измама по чл.247, стр. 3. По наредба на КПУ Затвор Скопје од 16.01.2023 година, распишана е централна потерница за бегство од затвор, за издржување казна во траење од 7 месеци и 15 дена“, велат од МВР.Бегството на Абдиовски го привлече вниманието на јавноста откако затвореник избега од Идризово и рани полицаец, за што беа суспендирани и командир и затворски полицајци.

Според она што го објавувал Абдиовски на социјалните мрежи тој бил симпатизер на владејчката СДСМ и има слика со речиси сите високи функционери од партијата.