Thursday, January 23, 2025
2.8 C
Skopje

ОСУДА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕТО ОД СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА УБИСТВОТО НА МАЛОЛЕТНАТА ВАЊА

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите изразува голема загриженост и осуда за начинот на кој повеќе медиуми известуваат за судската постапка поврзана со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Медиумите треба да бидат свесни дека секое претерано изнесување детали за чинот на насилство или злосторство, претставува повреда на достоинството на жртвите, а ги повредува и чувствата на нивните најблиски.

Со навлегување во детални описи на грозоморниот чин, медиумите истовремено внесуваат и вознемиреност во јавната сфера и придонесуваат кон зголемување на чувството на несигурност и насилство.

Комисијата нагласува дека при известувањето за чинови на насилство, бруталности или страдања приоритет на медиумите треба им биде заштита на достоинството на жртвите и на лицата кои се на кој било начин погодени од настаните.Притоа, медиумите треба да бидат особено внимателни, бидејќи нивните информации допираат до поширока публика, во која има и малолетни и ранливи лица врз кои информирањето за вакви случаи може да остави сериозни негативни последици.

ОВАА НЕДЕЛА

ТОШКОВСКИ: НЕМАМЕ ОФИЦИЈАЛНА ИНФОРМАЦИЈА КАДЕ Е ГРУБИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во...

ПОРАДИ ТЕШКА И ВЕРИЖНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАТВОРЕНА Е СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА

Поради сообраќајна несреќа пред исклучувањето за Смилковци кон Стајковци,...

ТРАМП ГО ПОМИЛУВА ОСНОВАЧОТ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА ЗА ПРОДАЖБА НА ДРОГА „СИЛК РОУД“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го помилувал...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ