ОСТВАРЕНИ 45 ИНТЕРНИ УНАПРЕДУВАЊА И НА ФУНКЦИОНАЛНОСТА НА ЦУК

0
292

Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со заменик директорот Екрем Зендели, им ги подели 45-те решенија за интерни (внатрешни) унапредувања на вработените, од коишто најголем дел не биле внатрешно унапредени по звања од почетокот на работа во ЦУК (од 2005), а голем дел досега – веќе 15 години, биле и со најниски почетни звања во својата административна кариера. Реализирањето на интерните унапредувања е во реалација на унапредување и на функционалноста на ЦУК.

Овие остварени 45 внатрешни интерни унапредувања годинава, а секако и со идните најавени во наредната 2022 година, покрај кадовско професионално унапредување во работната средина, се очекува да бидат и во контекст на веќе започнатото целокупно унапредување и функционирање на ЦУК, согласно современите текови на кризниот менаџмент во Европа и Светот.

Доделувањето на унапредувањата се одвиваше на неколку последователни скратени киолегиуми распределени во работни групи, согласно организационите целини каде што припаѓаа унапредените колеги.