ОСОМНИЧЕНИОТ МЕМЕТИ ДУПЛО ПОБОГАТ ОД УАПСЕНИОТ ГЕОРГИЕВ З ДВАЈЦАТА НЕТРАНСПАРЕНТНИ ДО КРАЈ

0
228
Судијата во Врховниот Суд Наке Георгиев беше уапсен откако беше пријавен од страна на синот на ексградоначалникот на струмичко Ново Село, Боро Стојчев, бидејќи примил награда за противзаконито влијание во која освен Георгиев, опфатен е и членот на советот на ЈО Иџет Мемети кој е второосомничен.
Георгиев бил фатен на дело како прима 10.000 евра во кеш од страна на синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев кој е осуден за трговија со марихуана, на кој му ветил дека ќе му ја олесни постапката.

Наке Георгиев е поранешен претседател на Апелациониот суд Штип каде во тоа време, до Судскиот совет била поднесена претставка за работењето на Георгиев и на уште двајца судии од истиот суд.Судскиот совет ги разреши двајцата судии, но претставката за Георгиев половина година не беше ставена на дневен ред, а истата се најде на маса дури откако тој се кандидираше за член на Судскиот совет.

Лани тој се кандидираше за член на Судскиот совет каде претходно беа испразнети две места во ова тело каде двајца членови си дадоа оставки по контроверзиите поврзани со работата на Судскиот совет а тој беше единствениот кандидат од Врховниот суд.Претходно, Георгиев се најде во центарот на вниманието кога се кандидираше за член во Судскиот совет, а неговиот син се кандидираше за судија во Кривичен суд по што тој се повлече.

Судскиот совет му го одзеде имунитетот за да може да продолжи постапката за утврдување негова вина, откако син на обвинет во предмет што се води во Организиран криминал пријавил дека првоосомничениот во случајот, односно врховниот судија Наке Георгиев, ветувал погодности за неговиот татко и лажно прикажале со второосомничениот дека ќе извршат влијание.

Поради ова, била претресена и канцеларијата на Иџет Мемети кој е заменик-претседател на Советот на јавни обвинители и за кој надлежните институции проверуваат за негова вмешаност во случајот.

СКУП го анализираше анкетниот лист на Георгиев каде од официјалните информации објавени во регистарот на Државната комисија за спречување корупција може да се утврди дека Георгиев поседува имот во вкупна вредност од 150.487 евра со тоа што за земјоделско земјиште на непозната локација и за куќа во Струмица која е во доградба не е наведена нивната вредност.Покрај тоа, тој поседува уште една куќа во Струмица. Неговиот брачен другар поседува стан во Струмица, а како имот на деца пријавен е стан во Скопје, но и дури три модели на автомобил Ауди А6.

Иџет Мемети пак е второосомничениот во случајот. Привремено ќе му биде одземена патната исправа за преминување на државната граница, односно има мерка за забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државна граница на име на осомничениот, како и забрана за употреба на лична карта на име на осомничениот како исправа за преминување на државната граница.

Мемети важи за близок човек на ДУИ, бил државен советник во Влада, член на Комисија за избирачки списоци, 2001 година е избран за министер за правда како експерт, а потоа кратко и уставен судија.Дури 16 години тој беше Народен правобранител а по завршување на вториот мандат тој премина во Советот на јавни обвинители.

Што се однесува до анкетниот лист на Мемети, тој пријавил имот во вредност од 323.674 евра. Тој поседува стан во Скопје од 64 м2 за кој не дал податок за стекнување и куќа во Тетово од 125 м2 стекната врз основ на наследство. На свое име пријавил плата и хонорари за кои недал податок за вредност. Од личен имот поседува трансакциска сметка и девизна платежна картичка.Тој има пријавено и два кредита и рамковен кредитен лимит. Како заеднички имот пријавил земјоделско земјиште, повеќе ниви во родното Раковец, Тетово стекнати со наследство. На име брачен другар, тој пријавил, акции, финансиски пакет за спогодбен престанок на работа, надомест за престанок на работен однос и две девизни штедни книшки.