Thursday, May 15, 2025
17.1 C
Skopje

ОСМАНИ ЈА КАНИ СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА ТВ ДУЕЛ

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт – Бујар Османи инсистира на медиумски „дуел“ со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

Од неговиот изборен штаб велат „со цел да ги презентираат нивните понуди и отворено да зборуваат пред граѓаните за тоа кој каква визија има за Северна Македонија, веќе вчера Османи упати две јавни покани до политичкиот опонент, од пладневната прес-конференција во Министерството за надворешни работи и од синоќешниот митинг во Црнилиште“.

„Затоа денеска ја поканив противкандидатката г-ѓа Гордана Силјановска, и пак ја поканувам, ајде да дебатираме! Бидејќи нашите две понуди се единствените алтернативи, ајде да влеземе во дебатата! Јас ќе зборувам за интеграција, вие ќе зборувате за изолација. Јас ќе зборувам за соживот на Европскиот фронт, вие ќе зборувате како ви требаат 61 пратеник за да ги исклучите Албанците, Турците и другите од одлучувањето.

Ќе зборувам како секој од нас да има европски пасош во џебот, а таа нека зборува како ги тера луѓето и нашите граѓани да земат бугарски пасош за да избегаат во Европа. Ова се 2-те алтернативи кои ни се нудат“ – истакна Османи.Засега, како што соопштуваат, ниту Силјановска Давкова, ниту штабот на ВМРО ДПМНЕ сѐ уште не одговориле на поканата за дебата.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ