ОСМАНИ – ХАСАНИ : МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ГИ ОТВОРАТ КЛАСТЕРИТЕ И ПОГЛАВЈАТА И ТОА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА

0
277

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија Игли Хасани, кој е во прва официјална посета на земјава по стапувањето на функцијата.Во фокусот на средбата, како што информираат од Министерството за надворешени работи, биле билатералните односи, актуелните политички состојби во регионот, НАТО сојузништвото, како и европските перспективи на двете земји на што бил даден посебен осврт.

– Двете земји веќе една година активно водеа преговори со кои успешно го заврши скрининг процесот, добивајќи добри, да речам одлични оценки. Северна Македонија и Албанија се подготвени да ги отворат кластерите и поглавјата и тоа не треба да се одолговлекува, напротив, двете земји треба да ги продолжат преговорите, и да ја забрзаат својата интеграција уште пред полноправното членство, истакнал Османи, посочувајќи на целосната или 100-процентна усогласеност со Заедничката и безбедноста политика на Унијата, високата имплементација на европското законодавство, како и на фактот дека двете земји се веќе НАТО сојузници заедно со најголемиот број европски земји.

На средбата биле отворени и темите и за регионалната соработка, бројните регионални иницијативи, и воопшто меѓусебната поддршка во мултилатералните организации. Било потенцирано дека дете земји имале значајна мултилатерална улога изминатава година: Северна Македонија како претседавачи со ОБСЕ, а Албанија како непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации.