ОСМАНИ : СЕМЕЈСТВОТО СКАИК, ПОСЛЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ БЕЗБЕДНО ЕВАКУИРАНИ ОД ГАЗА

0
220

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на Фејсбук информира дека четиричленото семејство Скаик е безбедно евакуирано од Газа и тие денеска се вратија во земјава. Тој додаде дека сите напори сега се фокусирани на извлекување на уште двајца наши државјани, брачен пар, чија евакуација, како што вели, ја очекуваат наскоро.

-Семејството Скаик, после подолго време безбедно евакуирани од Газа, а од денес на сигурно во земјава. Евакуацијата од Газа претставува посебен дипломатски и пред сѐ конзуларен предизвик, имајќи ја предвид сложената безбедносна состојба во тој регион. Посебно сакам да оддадам признание на дипломатите во нашите амбасади во Каиро и Тел Авив, кои беа во постојан контакт и со семејството и со властите во Египет и Израел, напиша Османи.

Тој упати благодарност до Меѓународната организација за миграции (IOM) за помошта при трансферот на македонското семејство во Скопје, како и Министерството за труд и социјална политика, односно Центарот за социјална работа во Скопје, за организацијата на сместувањето.