ОСМАНИ НА ФЕЈСБУК : ОБСЕ Е СПАСЕНА!

0
290
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи кој е актуелен претседавач со ОБСЕ, на својата Фејсбук страница напиша дека „одлуките на Министерскиот совет на ОБСЕ 2023 се конечно донесени!“

-ОБСЕ е спасена! Одлуките на Министерскиот совет на ОБСЕ 2023 се конечно донесени! Малта и официјално е новиот Претседавач со ОБСЕ за 2024 – напиша Османи на Фејсбук.

Тој додава и дека е продолжен е мандатот на генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, на високиот комесар за национални малцинства, Каират Абдракхманов, а продолжен е мандатот и на претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Тереза Рибеиро.

Османи додава и дека е реизбран е Матео Мекачи на чело на ОДИХР.