ОСМАНИ : КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА УЖИВАШЕ ГОЛЕМА ПОЧИТ И АВТОРИТЕТИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ПОШИРОКО ВО СВЕТСКИ РАЗМЕРИ

0
696

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил сподели фотографија преку која го изрази своето искрено сочувство за длабоката тага и жалост поради смртта на Нејзиното Величество, Кралицата Елизабета Втора.

„Кралицата Елизабета Втора уживаше голема почит и авторитет во Република Македонија и пошироко во светски размери. Ќе остане запаметена како исклучителен лидер на Обединетото Кралство и Комонвелтот, чие неприкосновено владеење со британскиот трон остави зад себе траен белег, што ќе се памети низ годините и децениите што следат. Нека почива во мир“, напиша Османи.