Wednesday, July 9, 2025
22.8 C
Skopje

ОСМАНИ ВО ПРАГА : ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА РЕГИОНАЛНАТА СТАБИЛНОСТ

Се уште актуелниот министер за надворешни работи – Бујар Османи учествуваше на неформалниот Состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, во Прага.

Во фокусот на состанокот беа актуелните безбедности состојби, со акцент на зајакнувањето на поддршката за Украина. Министрите се осврнаа и на одлуките кои треба да се усвојат на Самитот на НАТО во Вашингтон.Османи се осврна на потребата од забрзување на евроатлантските интегративни процеси.

„Од суштинско значење е интегрирањето на Западен Балкан за консолидирање на стабилноста во регионот и превенирање од дестабилизирачки влијанија од трети страни. ЕУ перспективите на Западен Балкан треба да се сметаат како стратешка безбедносна политика”, нагласи Османи.Османи ги истакна веќе познатите позиции на нашата земја, нагласувајќи дека Северна Македонија е цврста во поддршката за Украина, од почетокот на руската агресија.

Исто така, нагласи дека како кредибилна членка на Алијансата земјава веќе го надмина долниот праг од 2% од БДП за инвестициите во одбраната, а потенцираше и дека е силен поддржувач на политиката на отворени врати на Алијансата.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА

Стартуваше изградбата гасниот интерконектор со Грција во должина од...

МИЦКОСКИ: ОВА Е НАШИОТ КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ, СВЕТОТ ГО ВИДЕ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА БУГАРИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција,...

МИЦКОСКИ: НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ НОВО ПРЕДАВСТВО И ЌЕ ГИ БРАНАМ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

На денешната вонредна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која се...

НАПАДНАТА ЕКИПАТА НА ТВ АЛСАТ КАЈ ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО

Екипата на ТВ Алсат била нападната во близина на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ