Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ЈАНКУЛОВСКА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО ОД ПРЕДМЕТОТ ,,ТВРДИНА”

Сопругот и адвокат на Гордана Јанкулоска која денеска беше ослободена од вина за предметот „Тврдина“, Влатко Илиевски, изјави за медиумите дека Судот ги прифатил наводите на одбраната дека кај екс-министерката за внатрешни работи не постоело умисла или намера за да се оштети опремата за прислушување, ниту да се причини штета врз државата.

Одбраната е задоволна и сега се чека од Апелација да ја потврди ослободителната пресуда.

Илиевски се надева дека, ако не во кривична, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето и да се надомести нематеријалната штета којашто Јанкулоска ја претрпела, како што вели, како една од најголемите жртви на прислушувањето.

Неговата сопруга и клиент ќе бара оштета во граѓанска постапка.

– Немала информација дека ќе се врши уништување на опремата за прислушување бидејќи кога е пратен извештајот дека опремата е уништена, Јанкулоска веќе не е министер. Извештајот е пратен на 8 мај, а Јанкулоска веќе следниот работен ден не е министерка. Таа формирала Комисија која имала општ назив и која требало да направи попис. Апсолутно не било наведено каква опрема ќе се попишува, ниту дека треба нешто да се уништи. Се однесувало за опрема која била во рамките на целата УБК – кажа Илиевски во изјава за медиумите по завршувањето на судскиот процес.

Инаку, Кривичниот суд во Скопје денеска донесе пресуда за случајот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето на опремата за прислушување.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ