Освен режимското милениче Орце Камчев и други тројца Македонци разоткриени со „Панама документите“

0
822

Тројца Македонци се појавуваат на датабазата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, која беше пуштена вечерва, како дел од Панама документите.

Се работи за Роланд Златку, Слободан Спасовски и Александар Пановски.

985409409434343-670x289Според датабазата, нивните адреси се во Скопје, но компаниите им се регистрирани во странски држави.

Златку ја има компанијата Енистон Девелопмент која е регистрирана на Девствените острови, Спасовски е сопственик на Фижн Девелопмент, регистирана на Сејшелите. Пановски, пак, ја поседува компанијата „Ориент Оил и Гас Лимитед“, регистрирана на Британските Девствени Острови.

НОВА, пак, веќе објави дека и бизнисменот Орце Камчев се поврзува со фирмата „Десимарг Лимитед“ основана на Бахамите.

Сепак, од Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи предупредуваат дека самото регистирање на офшор фирма е легално и дека не секоја регистирана офшор фирма се користи за нелегални активности.