Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

ОСВЕН ПОМПЕЗНИ НАЈАВИ И СЛИКАЊЕ НЕМА НИШТО ОД ПАТОТ ТЕТОВО-ПРИЗРЕН – ИЗГРАДБАТА ЌЕ ЗАВИСИ И ОД ИНТЕРЕСОТ НА КОСОВО

Сакаме да го изградиме магистралниот пат Тетово-Призрен и ќе го изградиме, со добар проект, со обезбедени пари за негова изградба и со изведувач, но досега за овој пат не било ништо направено, изјави денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски, запрашан дали овој проект ќе го реализира владата. Тој рече дека заедно со претставници на Државни патишта ќе се контактира со косовската влада за да се направи заеднички договор за реализација на проектот.

– Тетово-Призрен е предвиден како магистрален пат, но освен сликање и помпезни најави нема ништо од овој проект. Претходната влада давала изјави, но не сработила ништо. Нема никаков проект. Потпишувани се меморандуми, но проект нема, ниту пак обезбедила пари за негова изградба. Нема ниту изведувач на работите па да се рече дека нешто е направено.

Она што јас го направив заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта е да стапиме во контакт со косовската влада за заеднички да изработиме проект за тој пат на кој исто така треба да има тунел. Врз основа на тоа потоа треба да се бара финансирање и да се бара изведувач. Во овој момент нема ниту проект, ниту финансирање, ниту изведувач, а ДУИ го претставуваше како утре да ќе биде готов – рече Николоски. Тој додаде дека нема информација што е направено од косовска страна за овој проект, но рече дека изградбата на магистралата ќе зависи и од интересот на Косово.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ