ОСВЕН ПАНДЕВ И ГОСПОД ЌЕ БИДЕ СО НАС НА ЕВРОПСКО – СТЕВО МУ ДАДЕ ДРЕС НА ПАПАТА

0
202

Претседателот Стево Пендаровски му подари дрес на македонската фудбалска репрезентација на папата Фрањо на денешната средба во Рим. Станува збор за новиот дрес што најдобрите македонски фудбалери ќе го носат на претстојното Европско првенство, до чиј почеток остануваат уште 15 дена.

„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Нека донесе среќа и нови успеси и победи на претстојното Европско првенство“, објави Пендаровски на Фејсбук.

По потекло од Аргентина, папата Фрањо е познат како голем љубител на фудбалот и е навивач на аргентинскиот клуб Сан Лоренсо.