ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ : СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НА ЧОВЕКОТ КОЈ ЦЕЛИОТ СВОЈ ЖИВОТ ГО ПОСВЕТИ НА УМЕТНОСТА

0
132

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште и човекот со кого пораснавме ние, нашите родители, а ќе растат и идните генерации.

Гоце Тодоровски денес го слави својот 73-ти роденден, а ние со скромно изненадување се потрудивме овој ден да го запамети.

Чичко Гоце, ти благодарам за сѐ!

Ти благодарам за твојот неповторлив придонес во развојот на македонската уметност, ти остави неизбришлива трага и веќе жив се запиша во легендите.

Да си ми жив и здрав, да останеш полн со живот каков што си и уште многу дела да ѝ дадеш на македонската публика!
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.