Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ : КИСЕЛА ВОДА Е ЕДНА ОД ВОДЕЧКИТЕ ОПШТИНИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, КОЈА МАКСИМАЛНО Е ПОСВЕТЕНА ВО ДЕЛОТ НА ДЕТСКАТА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА, ПОСЕБЕН ФОКУС Е СТАВЕН ВО ДЕЛОТ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Во изминатиот период опремивме 6 сензорни соби во основните училишта, реализиравме многу едукативни настани, како и трибина во партнерство со Македонското научно здружение за аутизам и стручно-научен конгрес со Центар за психофизичко здравје ,,Гаспар” од Скопје, со кого од септември 2024 им овозможивме пристап до дефектолошки, логопедски и психолошки индивидуални третмани на жителите на општината.

Сега, на наше огромно задоволство, официјално го потпишуваме меморандумот за соработка со Деканот на филозофскиот факултет од Скопје, со проф. д-р Оливер Бакрески и Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Во рамките на ова, ќе имаме соработка и стручна пракса со студентите и наставниот кадар од институтот при што ќе се користат сензорните соби кои ни се комплетно опремени.

Целта на оваа соработка е да им овозможиме на родителите поддршка и згрижување на децата со атипичен развој вон наставата и во попладневните часови и да им овозможиме стручна помош од страна на стручни лица.  Остануваме посветени во грижата на оние на кои сме им најпотребни!

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ