ОРЦЕ КАМЧЕВ СО СВОИТЕ АДВОКАТИ И БЛИСКИ НОВИНАРИ КАКО ДА ЗАГОВАРА НОВ УСТАВ – ГРАЃАНИ ОД ПРВ И ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД ВО ЗЕМЈАВА?!?!

0
1537

Адвокатите на Камчев денеска поднеле кривични пријави против судиите кои му одредија притвор?!?!? Тоа било продолжување на теророт?!?!

Чудно е како она што е сосема нормална процедура за сите досега, иљадници и иљадници поминале низ притворот Шутка, одеднаш стана тортура?!?!

Судиите кои досега досудуваа притвор и тоа на обични голтари без 50 денара во џебот демек ќе избегале и ќе влиаеле на процесот, пази, голтари кои не можат да влијаат на околината да им обезбеди достојна храна и облека, однеднаш станаа џелати ако истото го направат за мулти милионери кои поседуваат цели здрвавствени системи на цел балкан?!?!?!

Личности кои ги видовме на видео како давале торби полни со пари на обвинители а имаше и снимки за слични зделки со судии, тие немало да влијаат на судските истраги, па ако сме ги ставеле во притвор сме им правеле терор?!?!

Навистина Камчев со својата сурија адвокати и медиски куртони се обидуваат да не убедат дека црното е бело и обратно. Исто така имам чувство дека сакаат да не убедат дека како треба да имаме нов уставен систем во земјава и да воведеме граѓани од прв и граѓани од втор ред, па за оние првите да нема ТЕРОР односно притвори и слични страшни работи, а за овие вторите сиромашните кој ги врти нека скапуваат и во притвор и во затвор и нека ги малтретираат и судови и извршители и адвокати мајката нека им ја расплакуваат 24/7?!?!

Тоа ли е тоа или ја нешто лошо сум разбрал?!?!