ОРЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ И ИРЕНА РИСТИЌ ЗАЕДНО СО ДЕЧИЊАТА ОД ШКОЛИТЕ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ОРГАНИЗИРАА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ,,НЕ БИДИ ЃУБРЕ”

0
64

✌️ Заедно Ирена Ристиќ и ,,Не биди ЃУБРЕ” и дечињата од школите сме во акција за чистење на Кисела Вода!

🌍 Денес, кога на глобално ниво се одбележува Денот на животната средина, заедно со оргaнизацијата ,,Не биди ѓубре” спроведовме заедничка акција за чистење.

📍Наша позиција беше трим патеката, додека на други позиции работеа тимови од администрацијата, градинките и училиштата.
🌳 На повеќе локации беа засадени зимзелени дрвца и цвеќиња, а нашите најмлади oд градинките го одбележаа денот и со приредба во паркот ,,Македонија”.

🏞️ Во рамките на нашата долгорочна стратегија за здрава животна средина, Општина Кисела Вода реализира повеќе проекти за подобрување на квалитетот на животот.
Чистиме депонии, пошумуваме, градиме паркови и зелени спортско-рекреaтивни центри, се со цел да го подобриме квалитетот на животната средина и да го заштитиме здравјето на нашите сограѓани, но сепак, треба да се потенцира дека сите мора да бидеме одговорни и да дадеме свој удел во зачувувањето на средината во која живееме.
☝️Затоа, апелирам до сите жители да не создаваат отпад и правилно да го складираат и одложуваат постоечкиот.

♥️ Воедно, на сите кои зедоа учество во денешната акција им благодарам, благодарам и на Ирена Ристиќ и оргaнизацијата ,,Не биди ѓубре”!

🗺️ Секој мал чекор што ќе го направиме денес, има големо значење за нашата иднина и за иднината на нашите деца.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Георгиевски.