ОРДАНОВСКИ : ВМРОВЦИТЕ РЕШЕНИ ДА ЗАГИНАТ ВО УШТЕ ЕДНА БИТКА ПРОТИВ ПРАВДАТА

0
186

Како што изгледа, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде повторно на губитничката страна и во оваа драматична „Битка на Неретва“ во напорот да се оневозможи заздравувањето на „тешко ранетата“ правна држава во Македонија.

Како што се гледа и од последниот пример со изгласувањето на новата Косовска влада, американскиот фактор на Балканот е сè уште решавачки елемент за „пробивање“ на повеќето „затнати цевки“ во регионалните политички „канализации“: новата влада во Приштина стана возможна откако таму минатата недела престојуваше специјалниот пратеник на Трамп за Косово (и Србија), амбасадорот на САД во Германија Ричард Гренел. Недолго по таа посета, локалните претенденти за формирање на владата кои со месеци беа заглавени во непродуктивните коалициски надмудрувања, за еден викенд „ги надминаа разликите“ и, експресно, понеделнички ја изгласаа новата извршна власт на Косово.

А сè се чини дека ќе се лета и на новата авио-линија помеѓу Приштина и Белград.

Со сличен ефект, се добива впечаток, ќе биде и „будењето“ на овдешната Американска амбасада во спорот за Законот за Јавно обвинителство. Од некои нејасни причини, американските дипломати веруваа во можноста дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати инсистирањето, и од меѓународната заедница, обвинителските процеси од СЈО да се пренесат и во новото Обвинителство. Американците, откако со месеци „играа“ на картата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се договорат за заеднички предлог на законот што би го изгласале во Собранието, од пред десетина дена како да сфатија дека таквата нивна наивност може да има висока политичка цена по здравјето на овдешната кревко реставрирана демократија. На неколку месеци пред изборите.

Кога им помина фазата на губење драгоцено време – ни прв ни последен пат, бидејќи и во минатото Американците многу пати наседнувале на манипулациите и лажните ветувања на овдешните политички дејци, најчесто од нашата националистичка опозиција – гледаме дека амбасадорката Кејт Брнс се пушти „во сообраќај“ и почна да дели „насмевки“ во различни широчини и со флексибилно „меѓузабно“ растојание на разно-разни средби.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја ОВДЕ.