ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ РАСТЕ И РАЗВИВА ПО ЖЕЛБА НА ГРАЃАНИТЕ

0
171

Заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Aleksandar Naumoski вечерва со граѓаните оваа општина разговараме за завршените проекти и што она не очекува во иднина.

Ги реконструиравме улиците Ѓорче Петров и 4-ти јули, а започнавме и со реконструкција на улицата Лука Геров. Ги расчистуваме диви депонии во општината, пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Поставуваме нова фекална и атмосферска канализација онаму каде што е потребно. Сето тоа го правиме заедно со локалната власт, за граѓаните на Ѓорче Петров.

Исто така, инвестираме над 52 милиони денари во реконструкција на средното училиште Кочо Рацин која ја започнавме годинава, а обезбедивме прочистувачи за воздух за секоја училница. Во делот на градското зеленило, во Ѓорче Петров подигнати се над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени околу 1000 садници.

СДСМ е најдобриот избор на граѓаните и заради тоа е фаворит на претстојните избори. СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија има најдобри проекти, најдобра понуда, и најдобар степен на реализација. За нас зборот е збор. За нас секој човек е важен, секоја општина е важна.

#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна #НајдобротоЗаНашиотГрад #НајдобротоЗаНашатаОпштина

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.