ОПШТИНА ПРИЛЕП ЌЕ ДАВА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ ДО 10 000 ДЕНАРИ И ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ДО 5000 ДЕНАРИ

0
318

✅ На денешната 54-та седница на општинскиот Совет, усвоени се Одлуките и Правилниците за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните за купување на клими-инвертори и велосипеди за 2021 година, и тоа:
👉До 50 отсто од вредноста на грејното тело (клима-инвертор), но не повеќе од 10.000 денари по лице/домаќинство.
👉 До 50 отсто од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 5.000 денари во нето износ по лице/домаќинство.
✅ Нa денешната седница, советниците дадоа „зелено светло“ за кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Прилеп, за четвртиот квартал од тековната 2020 година, како и за Годишна сметка на Буџетот на Општина Прилеп за 2020 година. Дополнително, советниците го прифатија и годишниот извештај на Општина Прилеп за 2020 година.

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.