Општина Прилеп ја одбележа 118-годишнината од раѓањето на Методија Андонов – Ченто

0
429

Делегации на Општина Прилеп и општинскиот Совет, денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во центарот на Прилеп. Оддавањето почит пред  споменикот на првиот Претседател на президиумот на АСНОМ, е по повод одбележувањето на 118 години од неговoто раѓање.

Методија Андонов – Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп. Во својата биографија бележи значајна политичка активност уште пред почетокот на Втората светска војна. За време на војната, во 1942 година, бил интерниран во логорот „Чучулигово“, во близина на Петрич, а по ослободување од интернација бил повикан од Главниот штаб на НОБ и ПОМ да се приклучи во Народно- ослободителната војна. По основањето на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, на Првото Собрание на 2 Август 1944 година, тој бил избран за негов Претседател.

Методија Андонов-Ченто починал на 24 јули 1957 година.