ОПШТИНА ПРИЛЕП ПОДЕЛИ 40 ПАКЕТИ СО ХРАНА ЗА СИРОМАШНИ СЕМЕЈСТВА ВО ГРАДОТ

0
963

Денеска, во очи на големиот христијански празник Велигден, градоначалникот Илија Јованоски и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп, Дејан Тошески, беа дел од хуманитарната акција во која поделија пакети со прехранбени и кондиторски производи.

Целна група во оваа хуманитарна акција беа четириесетина згрижувачки семејства и корисници на гарантирана минимална помош од градот и населените места, на која ваквата помош им е повеќе од неопходна.

Градоначалникот Јованоски и директорот Тошески истакнаа дека поделените хуманитарни пакети се знак на внимание и скромна помош од страна на Општина Прилеп, за покажаната хуманост на згрижувачките семејства.

Во Прилеп се регистрирани вкупно 25 згрижувачки семејства за деца без родители и родителска грижа, показател кој градот под Марковите кули го вбројува меѓу лидерите во нашата држава.